|
Распоред
на богослужбите
за Велигден
при храмот
на МПЦП „ Собор
на сите македонски
светители“-
Окланд, на
адреса 100a Albert
Road- Devonport:
02.05.2013 г.-ВЕЛИКИ
ЧЕТВРТОК
09.00 часот- Василиева
Литургија
18.00 часот- Читање
на 12 Евангелија и
изнесување
на Крстот
03.05.2013 г.-ВЕЛИКИ
ПЕТОК
09.00 часот- Утринска
богослужба
со
царски часови
18.00 часот- Вечерна
богослужба
со литија и изнесување
на Плаштаницата
04.05.2013 г.- ВЕЛИКА
САБОТА
09.00 часот- Вечерна
богослужба
со Света
Литургија
21.00 до 23.00 часот-
Исповед
23.00 часот- Воскресен
канон
00.00 часот- Воскресение
Христово,
Златоустова
Литургија
05.05.2013 г.- НЕДЕЛА
10.00 часот- Воскресение
Христово-
читање на
Евангелието
на разни
јазициПосле, богослужбата
ќе биде организиран
донаторски
ручек и средствата
ќе бидат
донирани
за изградба
на македонски
храм во Окланд.
О.Дејан
Секулоски
Црковниот
одбор на
МПЦП „ Собор
на сите македонски
светители“-
Окланд
ЗА ПОСТОТ
Постот
е востановен
од Бога со
заповедта
дадена на
првите луѓе
во земниот
рај- да не
јадат од
дрвото за
познавање
на доброто
и злото (1.Мој.
2,17). Преку неа
Бог сакал
уште на самиот
почеток
да ги научи
луѓето на
послушност
и воздржување.
“Постот е
оружје во
духовната
борба против
поднебесните
сили”( лукавиот
и неговите
црни ангели)
(Матеј 17,21, Ефес.
6,12), неопходно
средство
за стремеж
на човекот
кон духовното
совршенство,
надежна
сила за давање
отпор во
духовната
немоќ и благодатна
ризница
за постигнување
на крајната
и врвна цел
на христијанскиот
живот – светост
и спасение
во Господа.
Во
Стариот
Завет имаме
многу примери
за пост, светиот
пророк Мојсеј
Боговидец
постел 40 дена
и 40 ноќи (2.Мој.34,28)
за да се подготви
да ги прими
Десетте
Божји заповеди,
светиот
пророк Илија
со строг
пост, духовна
чистота
и голема
ревност
за Господа
се удостои
да ја види
Божјата
слава(3. Цар.
16, 4-13), а пак, светиот
Јован Крстител
е познат
како најголем
и најстрог
испосник.
Воопшто,
сите праведници
постот го
запазувале
во поголема
или помала
мерка.
Самиот Господ
Исус Христос
се подготвил
за сеопшто
служење
и за искупителниот
подвиг преку
40-дневен пост(Матеј
4,2). Во проповедта
на планината
Он ги учел
своите последователи
каков треба
да биде вистинскиот
пост:” Кога
постите
, не бидете
жалосни
како лицемерите;
зашто тие
си ги прават
лицата мрачни,
за да се покажат
пред луѓето
дека постат.
Вистина
ви велам,
оти тие ја
добиле веќе
својата
награда.
А ти, кога
постиш, помажи
ја главата
своја и измиј
го лицето
свое, па да
се покажеш
дека постиш
не пред луѓето,
туку пред
твојот Отец,
Кој е во тајност;
и твојот
Отец, Кој
гледа тајно,
ке те награди
јавно”( Матеј
6,16-18).
Оние
кои поверувале
во Христа
започнале
да постат
уште во времето
на апостолите.
Првите христијани
постеле
строго, често
и продолжително,
за да се подготват
подобро
за богоугодни
подвизи.
Во првите
векови христијаните
постеле
не во определено
време, туку
кога сакале
и колку сакале.
Во четвртиот
век наоѓаме
правила
и одредби
не само за
постоечките,
Велигденскиот
и Петровденскиот
пост, туку
и за Божиќниот
и Богородичниот
пост. Четирите
поста биле
прилагодени
кон четирите
годишни
времиња.
Суштината
на христијанскиот
пост не е
умртвување
на телото,
како што
погрешно
се мисли,
туку умртвување
на гревот
во нас, зашто
гревот предизвикува
пропаѓање
и смрт. Закрепнувајќи
ја волјата,
постот му
дава можност
на духот
да владее
со телото.
Кога
христијанинот
пости треба
да се откаже
од секакви
светски
веселби
и задоволства,
од посетување
на места
каде што
е возможно
да згреши
со помисла,
збор или
со поглед.
Воопшто,
треба да
се стремиме,
колку е можно
повеќе, поголем
дел од мислите
да Му ги посветиме
на Бога и
на тајната
умносрдечна
молитва.
Правило
за Велигденскиот
Пост
Велигденскиот
пост трае седум
недели. Шестата
недела се
вика Цветна
недела, а
пак седмата
се вика Страсна
недела, тоа
е последната
недела со
Велика Среда,
Велики Четврток,
Велики Петок
и Велика
Сабота. За
време на
целиот пост,
од понеделник
до петок
не се јаде
масло. Додека
пак сабота
и недела
се блажи
т.е секoј може
и треба да
јаде масло
заедно со
зеленчукот.
Исклучок
кога се пости
без масло
е Велика
Сабота, тоа
е единствената
сабота во
годината
кога не е
дозволено
да се јаде
масло. Исто
така единствено
кога е дозволено
да се јаде
риба во овие
пости е на
празниците
Благовештение
и Цветници.
|
KАКО ДА
СЕ ОДНЕСУВАМЕ
ВО ХРАМОТ
Верникот
постојано
треба да
внимава
и да знае,
како да се
однесува
во храмот,
како да учествува
на богослужбите
и како активно
да живееме
како Црква
– за да бидеме
во заедница
со Христа?
Секогаш
кога ќе тргнеме
кон храмот
(молитвениот
дом), за да
се сретнеме
со Бога, треба
духовно
да се подготвиме
за таа средба.
Треба да
внимаваме
на внатрешната
состојба
на нашата
личност,
на мирот
во душата,
за чистотата
на совеста
и срцето,
и за мотивот
на нашето
одење во
храмот. Вистинските
верници
кои ја сочинуваат
Црквата
- се мисли
на зедницата
сочинета
од свештенослужители
и верници,
а не на храмот
- ја доживуваат
како училиште
во кое се
поучуваат
за тајните
на верата,
а воедно
и како лечилиште
за нашите
духовни
болести,
кое е многу
неопходно
за човекот
како створ
Божји.
|
|
ШТО МУ СМЕТА НА НАШЕТО ПОКАЈАНИЕ |
Како прво, тоа е духовната гордост,
затоа што гордиот човек е наклонет кон тоа да го суди
целиот свет, само не самиот себе. Во гордото срце
нема место за покајание, во него се вселило самооправдувањето,
тајното величање на себе си. Како второ- очајанието,
тоа е одсуство на надежта во Божјата милосрдност.
Во што се состои покајанието? Тоа да би било
вистинско потребни се следните услови:
како прво е жалењето за своите гревови, како второ
е искрената исповест пред свештеникот(духовниот отец).
Потоа, како трето, човекот треба да одлучи дека исповеданите
гревови повеќе нема да ги повторува. Треба да биде
одлучен дека попрво ќе умре отколку да ги повтори
овие гревови. Постои една мудра народна поговорка:
„ Мудриот не паѓа два пати на исто место“. И на крајот,
четвртиот услов- човекот треба да се труди да во својот
живот прави добродетели спротивни на исповеданите
гревови. Тогаш браќа и сестри, Бог ќе го прими нашето
покајание.
|